
За Нас
Нашата компанија
Ситуирана во Кавадарци, Р.Македонија, компанијата ``Слога Пром`` ги втемели своите зачетоци во 1990 год. ``Слога Пром`` на пазарот вклучува широк спектар на замрзнати производи: пилешко, свинско, говедско, јунешко, морска риба и помфрит.
Ефикасноста и навремена дистрибуција се едни од главните адути кои што ја карактеризираат нашата компанија и допринесуваат да се реализираат желбите и условите на нашите потрошувачи.
Истовремено, со својата погонска единица за препакување на производите, нашата компанија стана препознатлива по квалитетот и новоизградениот бренд ``СЛОГА``, во овој сектор.
Таа ги следи најновите европски и светски трендови во декларирањето и означувањето на производите според НАССП стандардите.
Нашата примарна цел е да се воспоставиме и одржуваме силна врска со нашите потрошувачи и да понудиме огромен број на иновативни и квалитетни продукти. ``Слога Пром`` денес претставува модерна компанија што работи за задоволување на потребите на современиот потрошувач, применувајќи ги најновите знаења и стандарди како и пласманот на квалитетна и здрава храна.
Мисија
Квалитетни производи
Загарантирана безбедна храна
Успешно координирање помеѓу потребите на потрошувачите и добавувачите
Стручен тим за навремена достава.
Во чекор со промените на технологијата.
Континуиран развој
Визија
Синоним за Вашиот прв избор на фамилијарната трпеза. Растеме и се развиваме во чекор со новите трендови и остануваме верни на традицијата.
Одговорност е да се обезбеди висок квалитет на производи, со цел градење и сочувување на довербата на купувачите.
Живееме и работиме во склад со вредностите кои сме ги поставиле.
Примарна цел е оддржување статус на почитувана, препознатлива и иновативна компанија. Нашата визија е нашата цел на постоење.
СЕРТИФИКАТ